Српскиот актер Тихомир Арсиќ откри дека веќе подолго време боледува од рак на панкреасот. Тој долго не се појавуваше во јавноста, а на свечената промоција на новите поручници на Српската армија, многумина не можеа да го препознаат поради неговиот изглед.
„Имам 30 килограми помалку, две години со борам со оваа болест. Требаше да глумам во филм, во кој се зборуваше за добар човек кој умира од рак и тогаш дознав дека имам рак на панкреасот“, изјавил тој за „Блиц“.
Тихомир Арсиќ е театарски, телевизиски и филмски актер, препознатлив по улогите во филмот „Голем транспорт“, „Игмански марш“, „Пејзажи во магла“.
Од 2011 година тој е во брак со балерината Јелена Ќосиќ со која ги има ќерката Вера и синот Арсение.