Познатиот американски уметник карикатурист и режисер познат по развојот на ликовите од цртаните филмови „Попај морнарот“ и „Том и Џери“, Јуџин Мерил „Џин“ Дејч, почина изминатата недела на 95-годишна возраст во Прага.
Уметниците ширум светот му оддадоа почит на големиот мајстор со илустрации со кои покажаа дека навистина оставил трага во нивните животи.
