Медиасет.мк

#ТРЕНД

Прнајден мртов посинокот на Витни Хјустон

Дваесет и осумгодишниот посинок на популарната пејачка Витни Хјустон, Боби Браун Џуниор е пронајден мртов, пренесуваат светските медиуми. Боби кој е син на 51 годишниот музичар Боби Браун, сопруг на почината дива, починал на сличен начин како и популарната пејачка.

Според пишувањата на медиумите, причината за смртта засега не е позната, но, во полицискиот извештај е наведено дека смртта настанала под сомнителни околности. Неговото безживотно тело било пронајдено вчера попладнето во неговиот дом во Лос Анџелес.

Веднаш била повикана итна помош, но лекарите не можеле да направат ништо. Истрагата е во тек. Боби е едно од седумте деца на контроверзниот музичар. Мајка му е Ким Вард, со која Боби ја има и ќерка. Нивната врска завршила во 1991 година, кога Боби се верил за Витни Хјустон.

На почеток
error: