Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Проблем во Јапонија: повеќе од половина тинејџери користат вештачка интелигенција за совети

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryc7chamekibtn0TX14z7

Повеќе од половина тинејџери во Јапонија користат генеративна вештачка интелигенција за барање совети за лични проблеми и дилеми, покажува истражување на јапонската влада.

Според истражувањето кое ги опфатило корисниците на вештачка интелигенција, спроведено од панел на потрошувачи при владата на Јапонија, 52,4% од тинејџерите потврдиле дека се консултираат со вештачката интелигенција за своите дилеми и грижи, што е највисок удел меѓу сите старосни и полови групи, пренесува дневникот „Japan Today“.

Повеќе од 30% од жените на возраст од 20 до 40 години користат вештачка интелигенција за истата цел, додека помалку од 30% од мажите тоа го прават во сите возрасни групи.

Онлајн анкетата била спроведена во февруари меѓу корисници на генеративна вештачка интелигенција, од тинејџерска возраст до 70 години и постари, а биле анкетирани вкупно 1.442 лица, по 103 мажи и 103 жени во секоја возрасна група.

Истражувањето исто така покажало дека 38,6% од испитаниците рекле дека во голема мера или делумно им веруваат на советите на вештачката интелигенција за лични односи и социјални интеракции.

Таквиот тренд бил најзабележлив кај помладите корисници од двата пола, при што таа бројка изнесувала 63,1% меѓу тинејџерите, наведува јапонскиот дневник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryegssd6526gf3eB7smbJ

Дали би му го довериле животот? „Бош“ патентира резервен систем со кочење на „тач“

Технологија | пред 22 часа

media-librarym8sv9sevhemp71kIeJt

Рајанер се повлекува од повеќе дестинации: Се укинуваат летови од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора

Патувања | пред 1 ден

8079309

Последната желба на Мишо Ковач ќе му биде исполнета: Ќе биде погребан покрај синот Еди

Сцена | пред 1 ден

media-libraryti06s6thfv381mtY0Ow

(Видео) Слаткар со моќна порака од сцената на Макфест: „Ако сретнете човек што пелтечи, сослушајте го, не го прекинувајте“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања