Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Рајанер предупредува за детал кој сите го пропуштаат: Грешка што патниците може да ги чини и до 160 евра

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Патниците кои летаат со Рајанер се предупредени на една од најскапите грешки што може да ги чини и до 160 евра пред лет.

Станува збор за пропуст кој лесно може да се избегне со двојна проверка на податоците при резервација на карта. Во брзање да се обезбеди поволна карта, поради мали тастатури на мобилни телефони или невнимание, патниците често погрешно го внесуваат своето име, што оваа авиокомпанија може скапо да го наплати.

Според податоците од официјалниот сајт на Рајанер, оваа такса важи и во април 2026 година. Покрај таксата од 100 евра за пропуштен лет, промената на име спаѓа меѓу најскапите трошоци со кои може да се соочат патниците кај нискобуџетните компании.

Рајанер има строги правила за измена на податоци, со многу краток рок во кој грешката може да се исправи без дополнителни трошоци. Но и тој рок има посебни услови.

Од компанијата наведуваат:

„Промени на имиња се дозволени за сите резервации. Целосна промена е можна онлајн до 24 часа пред полетување или на аеродром до два часа пред летот, со надомест. Бесплатни се исправки како замена на име и презиме во рок од 48 часа од резервацијата или корекција до три букви, што може да се направи еднаш и до 48 часа пред полетување.“

Патниците кои ќе ја забележат грешката дури на аеродром може да платат и до 160 евра за промена на податоци.

Нискобуџетниот превозник е познат по строго наплаќање на секое отстапување од правилата, дури и кога станува збор за случајни грешки. Мали грешки при внесување, како заменети или недостасувачки букви, можат да се поправат бесплатно, но само ако патниците се јават во рок од 48 часа и ако картата е купена директно преку сајтот на Рајанер, а не преку посредник.

Во некои случаи, ако рокот за бесплатна измена е поминат, може да биде поевтино да се купи нова карта отколку да се плати висока такса.

Рајанер наведува дека постојат исклучоци кога промена на податоци не се наплаќа, како промена на презиме по брак, со приложување доказ (венчален лист).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 4 дена

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања