Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Рауфи во завршни зборови за “Монструм“ : Обвинетите се невини, поранешните специјални обвинители се несериозни

Медиасет.мк
пред 5 години
monstrum

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги застапува обвинетите во случајот „Монструм“, во завршните зборови кажа дека тие се невини, како и дека против нив нема докази. Рауфи кажа дека обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се несериозни со обвинувањата, а на повтореното судење не извеле ништо ново. Адвокатот смета дека обвинителите не го знаат мотивот за петкратното убиство, затоа што обвинетите не убивале кај Смилковското Езеро, објави Макфакс.

„Монструм наликува на аферата „Драјкус“ бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен казна затвор и тоа од две судски истанци. Поранешните специјални обвинители се несериозни и тие се тие што ја матат водата. Случајот „Монструм“ е инструиран. За обвинителите мотивот е непознат, а тоа е секако бидејќи обвинуваат невини луѓе. Дека предметот е исконструиран, не е став само на бранителите, туку и на Американскиот Стејт департмент во своите извештаи во 2014 и 2015 година. Застапниците на обвинението не изведоа ништо ново, освен тоа што беше изведено во претходната постапката. Причина за укинување на пресудата беше недостиг на докази за некој да биде осуден. Одбраната успеа да ги разбие двата вербални докази на Обвинителството, а тоа се двете изјави од фамозниот загрозениот сведок. Се докажа дека тој е буквално втурнат во настанот. Тој загрозен сведок, беше пронајден на 2-3 дена пред истек на рокот за поднесување обвинение, тие немаа докази па мораше да се засили. Немаа ништо, мораа да втурнат сведок. Не можеа ништо да докажат. Без него, сега Обвинителството има 50 отсто помалку докази“, рече Рауфи.

Текстот во целост на: Макфакс.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 4 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 4 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања