Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Резервирала најлош лет за шефот според правилата на фирмата, следела итна промена

Медиасет.мк
пред 6 месеци
avion

Една вработена одлучила да ѝ одржи лекција на својата компанија за сопствените правила, а нејзината приказна станала вирален хит.

Откако со години морала да ја почитува строгата политика за резервирање на најевтините летови, истото тоа правило го примениле и на нејзиниот шеф, што довело до брза промена на внатрешните правила.

Нејзиното искуство, кое јасно покажува како правилата често се применуваат само на вработените на пониски позиции, привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Корисничката @ceraliza на социјалната мрежа X објавила дека нејзината компанија имала „строго правило секогаш да се избира најевтиниот лет“. Еднаш и самата добила опомена од одделот за човечки ресурси затоа што „потрошила повеќе пари за да стигне порано дома“. Помислила дека ако таа мора да ги трпи непријатностите од евтините летови, тогаш тоа треба да го прави и нејзиниот надреден.

Наскоро се појавила прилика за тоа.

„Подоцна патував со шефот на службено патување и јас морав да ги резервирам летовите затоа што тој никогаш не ги резервира сам. Тогаш избрав евтин лет со преседнување од четири часа во петок навечер. Беше бесен затоа што од аеродромот до дома го чекаше уште еден час возење и мораше да ги откаже плановите, па му објаснив дека тоа е политика на компанијата“, напишала таа.

„Во понеделник наутро веќе бевме на состанок со човечки ресурси на кој се разговараше за примена на ‘здрав разум’ при резервирање летови“, заклучила во објавата.

Нејзината објава била прегледана речиси 2,5 милиони пати и предизвикала лавина коментари, а најголемиот дел од корисниците застанале на нејзина страна затоа што во приказната препознале класичен пример на двојни стандарди во деловниот свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 4 дена

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања