Медиасет.мк

Медиасет

Се појави нов вид на коронавирус

Се појави нов вид на коронавирус наречен KP.3.

KP.3 е дел од триото познато како варијанти на FLiRT и штотуку надмина друга варијанта на FLiRT KP.2 како најчест вид на коронавирус во Америка, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

КП.2 стана доминантна во претходните недели, но сега нејзиниот раст е забавен. И KP.3 и KP.2 се „многу, многу слични“ на варијантата JN.1 која доминираше во бранот на инфекции минатата зима, според cbsnews.

Симптомите на КП.3 се слични на симптомите на коронавирусот: треска, кашлица, останување без здив или отежнато дишење, замор
болки во мускулите или телото, главоболка, губење на вкус или мирис, воспалено грло, затнат или течење на носот, гадење или повраќање, дијареа.

Постоечките антивирусни лекови треба да делуваат против КП.3, вели д-р Вилијам Шафнер за prevention.com.

На почеток
error: