Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Се затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви, еве ги новите Владини рестриктивни мерки

Медиасет.мк
пред 5 години
zaev-2-1

Владата го усвои предлогот на кризниот штаб и донесе одлука од утре полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот. Се затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.

„Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од утре, до 20 април годинава. Второ, на граѓаните кои извршиле имунизација, им се дозволува враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за извршена вакцинација. Целосна забрана за гости во угостителски објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски објекти. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети. Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници од 7 април до 20 април. Целосна забрана за гости во спортски клубови, сали, теретани. Се забранува организирање и учество во семинари, курсеви. Се овозможува движење на земјоделците со дозволи за движење. За време на забраната, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, да може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот најмногу до 100 метри од местото каде живеат“, рече Заев.

Премиерот кажа дека здравствениот систем е оптоварен, поради тоа биле потребни нови угостителски објекти. Според Заев на денешната седница на Владата донесле одлука за дополнителни мерки за заштита на здравјето.

„Најновите тенденции презентирани од здравствените власти, покажуваат дека британскиот сој зема се поголем замав. Овој вид на коронавирус, заразува многу полесно и побрзо, а резултира со тешки последици по здравјето. Во пресрет на празниците и топлото време, а согласно потребата да се одморат и здравствените работници, донесовме нови мерки. Бројот на новозаразени граѓани, починати граѓани, расте. Досега здравствените работници се соочуваа со сите предизвици, но, сега има преоптоварување. Ова е најголемото оптоварување на здравството од почетокот на пандемијата. Многу држави се соочија со ваква ситуација и порано од нас. Ова е моментот кога треба да пресретнеме нови оптоварување на здравствениот систем“, рече Заев.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 дена

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 5 дена

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Што се случува со телото ако јадеме јогурт секој ден?

Трендови | пред 5 дена

media-librarygmmni58ahu569B2b2rM

Доли Партон ги надмина политичките поделби и по смртта – Нешвил подготвува голема почест

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања