Медиасет.мк

#ТРЕНД

Сека Алексиќ ќе ги брише тетоважите

Една од најпознатите српски пејачки, Сека Алексиќ одлучи да го смени животот од корен, вклучувајќи го и својот визуелен идентитет.

Имено, пејачката длабоко навлезе во верата, па сега се кае поради големиот број тетоважи на своето тело, на кои беше горда на времето.

Читајќи разни православни книги, таа дознала дека тетоважите го сквернават телото и дека се своевиден демонски печат. Со други зборови, за верниците тетовирањето претставува грев, па сега сака да ги отстрани, односно, да ги избрише со помош на ласер триболите што ги има на рацете, арапските букви на левата плешка, како и кинеските по должина на ‘рбетот.

Како што нагласи, дополнителна причина е и тоа што кога ќе остари, тие тетоважи нема да изгледаат убаво како сега, со што се согласуваат сите.

На почеток
error: