Стресот, постојаните расправии и односите со луѓе кои внесуваат немир во нашиот живот можат да остават посериозни последици отколку што претпоставуваме. Освен што влијаат врз расположението и секојдневното функционирање, токсичните односи може да бидат поврзани и со забрзано биолошко стареење.
Истражување спроведено на 2.345 возрасни лица покажало дека секоја дополнителна личност која претставува извор на стрес е поврзана со приближно 1,5 отсто побрзо биолошко стареење, што одговара на разлика од околу девет месеци во биолошката возраст.
Долготрајната изложеност на стрес може да придонесе за покачен крвен притисок, нарушен сон, ослабен имунолошки систем и други здравствени проблеми. Особено оптоварувачки можат да бидат односите со членовите на семејството, од кои честопати е најтешко емоционално да се оддалечиме.
Затоа е важно навреме да ги препознаеме односите што нè исцрпуваат, да поставиме лични граници и да не чувствуваме вина кога одлучуваме да се оддалечиме од луѓето што ни го нарушуваат мирот.
Понекогаш грижата за себе значи да не дозволиме некој друг да управува со нашиот живот и да го нарушува нашиот внатрешен спокој.