Наскоро треба да почне снимањето на серијата „Јованка“, за животот на Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито. Серијата ќе се снима во Србија, Русија, Хрватска и Египет, а ќе има 12 епизоди, во две сезони по шест.
Серијата ја подготвува продуцентската куќа „Адреналин“, а сценариото го напишала Милана Влаовиќ Ковачек, пренесува хрватскиот „Вечерњи лист“. Во неа ќе бидат откриени и многу тајни на поранешната прва дама на Југославија.
Според извршната продуцентка, Теа Королија, серијата ќе ја следи приказната за главната хероина од човечки аспект.
Кој ќе ги глуми Јованка и Тито, ќе се знае по пробните снимања, а актери ќе бараат во Словенија, Хрватска и во Србија.