Холивудската актерка Шерон Стоун откри дека од сите мажи на големиот екран со кои глумела во текот на својата четиридецениска кариера, двократниот оскаровец Роберт де Ниро бил најдобар бакнувач.
Стоун и Де Ниро ги споија усните како Џинџер Мекена и нејзиниот сопруг, шеф на казино, Сем (Ејс) Ротштајн, во филмот „Казино“ од 1995 година
„Нема дилема, Роберт де Ниро најдобро бакнува“, рече Стоун во виртуелното ток-шоу Watch What Happens Live.
„Боб беше актер на кој најмногу му се воодушевував“. Само сакав да можам да седам спроти Ниро на мса. Можеби затоа што имав високо мислење за него или затоа што премногу го ценев, сето тоа придонесе бакнувањето да биде врв на моментот за мене“.
Стоун се пошегува дека Де Ниро би можел да ја удри со чекан во главата и дека таа сè уште би била воодушевена.
„Бев лудо вљубена во него како актер. Тој не може да се спореди со ниту еден друг од главните протагонисти на големиот екран,“ рече Стоун и додава дека не ѝ се допаѓало бакнувањето со други актери.