Ќерката на шпанскиот Крал Фелипе, 14- годишната Леонора е во самоизолација откако една нејзина сооученичка од одделението била позитивна на коронавирусот.
Принцезата Леонора ќе биде тестирана на корона вирусот како и сите други ученици од нејзиниот клас во мадридското училиште Санта Мариа де лос Росалес. Кралот Фелипе и кралицата Летиција засеге ќе продолжат да ги извршуваат своите задолженија, изјавил портпаролот на кралското семејство.
Минатата недела околу 8 милиони шпански ученици се вратија во училишните клупи.Но, потоа некој училишта и поедини одделенија се затворени, откако имале позитивни ученици на корона. Властите на регионот Галиција за една недела го одложија почетокот на учебната година за учениците од 14 до 18 години.
