Медиасет.мк

Медиасет

Што се крие зад враќањето на Кејт Мидлтон?

Кејт Мидлтон продолжи со својата добротворна работа, и покрај дијагнозата рак, но кралскиот помошник сè уште инсистира на тоа дека „и треба простор и приватност за да закрепне“.

Принцезата од Велс е „воодушевена“ што е во срцето на започнувањето на проектот што би можел да ја зајакне економијата на Велика Британија за 45,5 милијарди фунти годишно.

Нејзината фондација ,,Центар за рано детство” подоцна во текот на денот ќе објави извештај од осум водечки британски фирми кои ќе идентификуваат пет области каде што бизнисите од сите големини можат да им помогнат на децата под пет години.

Минатата година, Кејт свика деловна работна група за да придонесе за нејзината „визија за иднината“ во развојот на раните години.

Иако за момент се чинеше дека Кејт конечно се враќа на своите обврски, кралскиот помошник со својата изјава „разочара“ многумина.

Висок кралски помошник изјави за Mail Online:

“Принцезата од Велс беше движечка сила зад работната група за бизнис. Ќе ги продолжи своите активности кога ќе се врати на работа. Сепак, сега ѝ треба простор и мир за да закрепне. Принцезата се враќа на нејзините активности само кога ќе добие зелено светло од докторот“.

Исто така, Кенсингтонската палата нагласи дека принцезата и покрај тоа што е „активна“ на хартија, не се вратила на работа бидејќи продолжува да прима превентивна хемотерапија за рак.

На почеток
error: