Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Синдикатот на Затворите обелоденува: Се врши деградирање на членовите, местенки за бркање од работното место и монтирани процеси

Медиасет.мк
пред 5 години
sindikati-zatvori

Синдикатот на Затворите, синдикална организација при Синидикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) одржа прес-конференција на која беа истакнати проблемите со кои се соочуваат во рамките на синдикалната организација, почнувајќи од деградирање на членовите, па се до фингирани постапки кои на крај под притисок завршуваат со отказ.

,,Сето тоа го препишуваме на активностите коишто ги преземавме во претходните неколку денови, притисокот почна да се рефлектира и врз останатите наши членови, а започна и нивно деградирање, што согласно Законот за работните односи и Конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои ги има ратификувано и Македонија, е спротивно дејствие и во целост ги загрозува човековите права како и слободите на синдикалното организирање.

На уште еден член на Синдикатот на Затворите, Љубомир Божиновски, поради банални причини, со голем притисок врз Комисијата за дисциплинска постапка му е изнудена парична казна, а потоа истата да заврши и со отказ. За истиот член сите три синдикати во КПУ Затвор – Скопје потпишаа и иницијатива и во истите членуваат 90 % од вработените, за поддршка на колегата Љубомир Божиновски кој беше предмет на притисок, деградација и на крај и отказ.

Врз Љубомир Божиновски, виш надзорник во КПУ Затвор – Скопје од 29.12.2020 година па наваму, кон него се врши класична местенка за бркање од работното место, преку изнесување на целосни невистини и монтирани процеси.

Поточно, на 29.12.2020 година, извршувајќи ги работните задачи на неговото работно место, негов колега кој во споредба со него има десет години помалку работен стаж во институцијата, го фотографирал со мобилен телефон, по што бил принуден да ги извести надлежните во институцијата за прекршокот кој го сторил.

Истиот поучен од некого, пријавува дека е нападнат од страна на Љубомир Божиновски со оружје и наведува сведоци во истото службено известување кои доставија службени белешки дека немало никаква закана со оружје. Истиот ден тој беше суспендиран од работното место, до завршување на дисциплинската постапка, за што сметаме дека под секакви принципи и кодекси истото не требаше да се случи

Иако тој досега не е казнуван дисциплински во институцијата, во која работи 11 години, на дисциплинската постапка од страна на Комисијата, иако сведоците ги потврдија своите известувања, беше казнет со предлог парична казна од 20 %.

Меѓутоа, директорот повикувајќи се на член од Законот, ја менува одлуката на Комисијата и му врачува отказ. Испратена е жалба до второстепената Комисија, за што се надеваме дека ќе постапат соодветно и праведно и ќе одлучат во наша корист, бидејќи според сите докази воочливо е дека нема никаква вина со настанот од тој ден.

Љубомир Божиновски има ретка хронична болест и ова што му се прави е многу голем стрес за него и неговото семејство. Меѓучовечките односи во Затворот – Скопје се на многу ниско ниво и во претходните неколку денови извршена е низа промени на работните места на наши колеги кои се иницијатори за споменатата иницијатива, односно на претседателите на два синдикати и на дел од членовите.

Најавуваме дека доколку не престанат притисоците врз синдикатот и членовите на синдикатот, ќе ги преземеме сите легитимни мерки за истите да престанат.”

фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 13 часа

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Трендови | пред 2 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 4 дена

Pojadok

Огладнувате многу пред ручекот? Проверете дали појадокот ги содржи овие три работи

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања