Медиасет.мк

#ТРЕНД

Синот на Марина Туцаковиќ ја нападна Цеца: Таа е воен профитер, треба да е во затвор

Синот на Марина Туцаковиќ, текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, ја нарече Цеца „воен профитер“ и јавно порача дека местото на пејачката ѝ е во затворот во Хаг со останатите воени злосторници.

„На сите тие воени поткажувачи, кои сега се без помош и сакаат да се лустрираат, местото им е во Холандија во градот на искупување. Мерлин, Цеца и други…“, напиша тој на „Твитер“, а неговиот коментар предизвика реакции на социјалните мрежи.

Според српските медиуми, пријателите на Цеца ѝ го испратиле коментарот, а таа се разочарала од јавниот напад на Лаќа, но сепак решила да не реагира од почит кон Марина, бидејќи се долгогодишни пријателки.

„Ваквиот потег на Лаќа не ги изненадува неговите пријатели кои знаат дека кога е под дејство на разни супстанци знае да каже нешто, а потоа да се кае. Само не ми е јасно како поствесно не му е жал да ја напаѓа Цеца, која прва се најде кога ѝ беше најпотребна на неговата мајка“, рекол извор близок до Туцаковиќ за српските медиуми.

На почеток
error: