Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Случајно го проверила својот мејл, па открила дека освоила 4,8 милиони долари на лото

Дваесетгодишна студентка од Универзитетот „Гленелг“ во Австралија освоила дури 4,8 милиони долари на лото.

Медиумите пренесуваат дека студентката го проверувала својот имејл за време на предавањето, а потоа дознала за големата добивка. Така, девојката ќе добива 20.000 долари месечно во наредните 20 години.

„Не размислував за имејлот, само кратко влегов во профилот и тогаш сфатив дека сум победила. Бев шокирана и не можев да реагирам бидејќи бев на предавање. Тешко ми беше да се контролирам затоа што сакав да врескам и да скокам од радост. Гледав во часовникот и чекав да заврши предавањето. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот“, вели студенткат, која посакала да остане анонимна, пренесува News.co.au.

Од добивката таа сака да ѝ купи куќа и автомобил на својата мајка, но и недвижен имот за себе.

„Не можете да верувате каква е оваа година за мене, ова е голема работа за моето семејство. Ова менува сè за нас“, вели добитничката.

„Ќе ги завршам студиите на универзитетот бидејќи тоа е нешто што навистина сакам да го направам. Кога ќе се укинат рестриктивните мерки, би сакала да патувам. Сакам да патувам низ Австралија, но би сакала да одам и во други земји“, додаде 20-годишната студентка.

На почеток
error: