Медиасет.мк

Медиасет

Снуп Дог ќе глуми во филм на Лук Бенсон

Снуп Дог ќе глуми во новиот научно-фантастичен филм „Последниот човек“ на францускиот режисер Лук Бесон, кој ги режираше хит филмовите „Петтиот елемент“ и „Леон професионалецот“.

Деталите не се познати, но се вели дека станува збор за пост-апокалиптичен филм поврзан со песната на Снуп Дог „Last Man Standing“, пренесува Variety.

Покрај Петтиот елемент, другите научно-фантастични филмови на Бесон ги вклучуваат Луси од 2014 година, која беше хит, и Валеријан и градот на илјада планети од 2017 година, кој се сметаше за пропаст. Бесон го напиша сценариото за „Последниот човек“, а како и „Петтиот елемент“, филмот ќе биде мешавина од научна фантастика, комедија и акција.

The Last Man не е прва соработка меѓу Бесон и Снуп Дог. Во 2006 година, познатиот музичар го позајми гласот за филмот на Бесон, Артур во земјата на минимој, во кој се појавија и Мадона, Дејвид Боуви, Роберт Де Ниро, Џими Фалон и Миа Фароу.

На почеток
error: