Интересот на инвеститорите за иницијалната јавна понуда (IPO) на вселенската компанија „СпејсЕкс“ моментално е приближно двојно поголем од планираната емисија од 75 милијарди долари, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.Изворите наведуваат дека инвеститорите досега изразиле побарувачка во вредност од околу 150 милијарди долари.Иако вакво ниво на интерес не е невообичаено кај помали јавни понуди, аналитичарите оценуваат дека претставува значаен сигнал за довербата на пазарот, имајќи предвид дека станува збор за најголема IPO во историјата.Конечната цена на акциите треба да биде одредена на 11 јуни, додека почетокот на тргувањето на берзата „Nasdaq“ е планиран за 12 јуни.„СпејсЕкс“ планира да собере 75 милијарди долари по цена од 135 долари по акција, со што вредноста на компанијата би достигнала околу 1,75 трилиони долари.Компанијата, основана и водена од американскиот претприемач Илон Маск, е најголема приватна вселенска фирма во светот и лидер во областа на лансирање ракети и сателитски комуникации.Нејзината сателитска мрежа „Starlink“ обезбедува интернет услуги ширум светот, додека компанијата развива и напредни проекти поврзани со истражување на вселената и вештачка интелигенција.„СпејсЕкс“ во април доверливо ја поднесе документацијата за излез на берза, а се очекува нејзината јавна понуда да стане најголема во историјата на пазарот на капитал.
