Мистериозен среќник од Аризона сигурно слави бидејќи освои џекпот во висина од 410 милиони долари, откако купил само еден тикет по цена од два долара.
Ова е прв џекпот освоен во Аризона, а добивката е најголемата во последнава година, пренесува „Дејли мејл“.
Тикетот кој беше извлечен во вторникот вечерта, бил купен во Глендејл, Аризона, објави државната лото комисија.
Добитната комбинација на среќни броеви била 1, 5, 9, 10, 23 и конечниот носител на џекпотот, бројот 22.
Шансите за освојување на џекпотот биле 1 спрема 303 милиони во 44 земји каде што се игра, плус градот Вашингтон и американските Девствени Острови.
Минатиот август, Аризона се придружи на групата земји што им овозможуваат на луѓето кои ќе освојат џекпот над 100.000 американски долари да останат анонимни засекогаш.