Познатиот српски водител Жика Николиќ, познат како Жика Шареница, неодамна гостуваше во емисијата „Магазин ИН“ на Сања Маринковиќ. Таму тој првпат прозборе за непријатноста што ја доживеал со поранешната сопруга и нејзиниот љубовник. Жика раскажа дека љубовникот на жена му го натепал пред неговиот стан. Ова се случило пред многу години, и во тоа време неговата сопруга сакала да се разведе, но да остане да живее во неговиот стан со љубовникот.
„Жена ми со нејзиниот љубовник ме чекале со намера да ме натепаат. Поточно тие ја заклучиле вратата, а кога заѕвонив само малку ја подотворија и тој ми удри тупаница по носот. Тогаш бев многу лут и мислев дека ако некогаш ги сретнам на улица, ќе ги прегазам. Фала му на Бога, гневот ми помина брзо. Јас никогаш не верував дека можам да се најдам во таква ситуација, но од сето тоа кренав раце најмногу поради ќерка ми. Тој стан потоа ѝ го препишав на неа“, рекол водителот.