Откако минатиот месец светските медиуми пишуваа дека Џорџ и Амал Клуни се разведуваат оти глумецот бил несреќен во бракот, сега тврдат дека адвокатката го избркала од дома и дека тие не живеат заедно.
Навидно, славна двојка од поодамна има проблеми во бракот, а сè започнало кога требало да одлучат дали ќе продолжат да живеат во Лос Анџелес или ќе се преселат во Лондон заради школувањето на близнаците Ела и Александар. Според неименуван извор, тие се карале и затоа што Амал сакала уште едно дете, но Џорџ не сакал.
Според американските медиуми, несогласувањата меѓу нив биле толку чести што на крајот адвокатката го избркала глумецот од дома и тој сега живее во изнајмена куќа.
Информациите за разделбата за двојката не се потврдени. И иако се во брак пет години, тие се едни од славните личности за кои најчесто се пишува дека имаат криза во бракот и дека ќе се разведуваат.
