Медиасет.мк

Медиасет

Судот на ЕУ пресуди: не може да постои „џин“ без алкохол

Безалкохолните пијалаци не смеат да се продаваат под ознаката „џин“, пресуди Судот на правдата на Европската унија, откако Германското здружение за борба против нелојална конкуренција поднесе тужба против компанијата PB Vi Goods, производител на пијалак што го имитира вкусот на џинот.Германскиот суд го проследил случајот до европските судии, кои утврдиле дека според правото на ЕУ постои јасна забрана за користење на терминот „џин“ за пијалаци што не содржат алкохол, пренесува Politico.Во пресудата се наведува дека пијалакот „Virgin Gin Alkoholfrei“ (безалкохолен џин) ги крши европските прописи за означување на алкохолни пијалаци. Иако производот може легално да се продава, не смее да го носи називот „џин“, дури ни кога на етикетата јасно се наведува дека е безалкохолен.Според европската регулатива, пијалакот „џин“ мора да биде добиен од бобинки од смрека и да содржи најмалку 37,5% алкохол. Целта е да се заштитат потрошувачите од забуна и производителите од нелојална конкуренција.Судот потсети дека во 2017 година веќе донел слична пресуда, со која беше утврдено дека производи на растителна база не смеат да се нарекуваат „млеко“, „павлака“, „путер“, „сир“ или „јогурт“, дури и ако содржат слични состојки или вкус.Со новата одлука, европските судии ја зајакнуваат заштитата на традиционалните производи и јасноста на пазарот.

На почеток
error: