Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Телеграм ги отфрлa руските тврдења: Странски служби немаат пристап до пораките

Медиасет.мк
пред 8 месеци
Telegram-4567543

Апликацијата Телеграм ги отфрли руските тврдења дека странски разузнавачки служби можат да пристапат на пораките што ги испраќаат руските војници во Украина. Апликацијата наведе дека не открила никакви прекршувања на своето енкриптирање, пренесе Sky News.

„Тврдењето на руската влада дека нашето енкриптирање е загрозено е намерна измислица, чија цел е да се оправда забраната на Телеграм и да се принудат граѓаните да користат државна платформа за размена на пораки“, соопшти компанијата.

Претходно рускиот министер за дигитален развој, Максут Шадајев, тврдеше дека постојат „множество индикации“ дека странските разузнавачки служби ги користат податоците против руската армија.

„Имаме директна потврда од агенциите за спроведување на законот дека, на почетокот на специјалната воена операција Телеграм се сметаше за релативно анонимен сервис, а нашата армија го користеше, сега постојат многу докази дека странските разузнавачки служби имаат пристап до преписката на Телеграм и ги користат тие податоци во контекст на воени операции против нашите вооружени сили“, изјави Шадајев на состанокот на Комитетот на Државната дума за информатичка политика.

Тој додаде дека порано пристапот на странските разузнавачки служби до Телеграм бил епизодичен, а сега станал систематски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi2ljlil0je1b2R3mJCL

(Видео) Кралот Чарлс остана на поројниот дожд без чадор, па извика: „Каде ми е чадорот?“

Сцена | пред 5 часа

media-libraryegssd6526gf3eB7smbJ

Дали би му го довериле животот? „Бош“ патентира резервен систем со кочење на „тач“

Технологија | пред 16 часа

media-library63o7m2404mdqbtJIuoe

Вашиот телефон може да стане микроскоп: Нов додаток открива детали од само осум микрометри

Технологија | пред 1 ден

media-libraryf2gg9k94vqjc5aqOFlc

Лоши вести за купувачите: Недостигот на RAM меморија ќе трае до 2030 година!

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања