Том Хенкс (63) се појави како водител на комичното шоу Saturday Night Live, каде што тој раскажа како изгледало неговото лекување од коронавирусот, но и каков е неговиот живот кога ја победи болеста.
„Не грижете се, избричената коса е поради улогата, бавно расте. Навистина е добро да се биде овде, но и чудно, да се води Saturday Night Live од дома. Чудно време е за шеги, но обидот да се биде смешен е поентата на шоуто“, рече тој на почетокот.
Сепак, иако суштината на шоуто е да пренесе смеа, следната изјава на Хенкс не беше смешна за никого.
„Никој не сака да биде со мене долго време и непријатно им е на луѓето да стојат покрај мене“, рече Хенкс.
Овој костум е првото нешто што сум го облекол од 11 март, а да не е тренирка. Сопругата ми помогна да го облечам затоа што заборавив како функционираат копчињата“, се пошегува Том.