Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Тројца тинејџери се заглавиле во сушална за алишта – ги извлекле пожарникари

Пожарникари спасија тројца тинејџери кои се заглавиле во индустриска машина за сушење алишта, додека си играле во напуштената перална во округот Есекс, кој се наоѓа северо-источно од Лондон.

Службата за пожар и спасување била повикана во напуштената перална во петокот, откако тројца тинејџери влегле во машината.

Двајца веќе биле во сушалната кога третиот се „заглавил во вратата“ додека ползел, објавија спасувачките служби.

Шефот на противпожарната служба, Глен Џексон рекол дека тимовите морале да помогнат на третото момче да влезе во машината пред да ја отстранат вратата и да ги ослободат сите тројца.

„ Користевме цела низа опрема за да го ослободиме зглобот на жртвата и да му дозволиме да ползи во машината“, рекол тој.

Потоа пожарникарите успеале да ја поместат вратата и да ги ослободат сите тројца тинејџери, кои потоа ги презела брзата помош

На почеток
error: