Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Туристи со часови чекаат за истата фотографија од Грција: „Дали сите колективно полудевме?“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarylt1a799aolv585K55iG
Photo by James Ting on Unsplash

Санторини ова лето е преполн со туристи, а во Оја се создаваат долги редици пред најпознатите локации, особено пред црквите со сини куполи. Посетителите со часови чекаат за да ја направат истата фотографија што ја виделе на Инстаграм или Тикток.


На социјалните мрежи се појавија бројни снимки од гужвите, а дел од туристите се жалат на долгото чекање. Еден посетител раскажал дека бил навредуван бидејќи луѓето мислеле дека се обидува да се протне преку редот, иако неговото сместување било веднаш до популарната локација.


Од туристичката агенција Santorini Yachting Cruises велат дека туристите најчесто се концентрираат на неколку локации во Оја за да ја направат фотографијата што ја виделе на социјалните мрежи, иако островот има многу други убави места без гужви.


Проблемот со масовниот туризам не е нов за Санторини. Гужвите, сообраќајот, зголемените цени и притисокот врз инфраструктурата им создаваат проблеми и на локалните жители.

За 2026 година бројот на туристи од бродови за крстарење што можат да го посетат островот во еден ден е ограничен на 8.000, а воведена е и такса од 20 евра за патниците од крстаречките бродови во главната сезона. Сепак, мерките не ги опфаќаат туристите што пристигнуваат со авиони и траекти, па гужвите и понатаму остануваат голем проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања