Гаги Џогани за прв пат објави дека е уапсен затоа што наводно имал со себе 2 ќесички кокаин, а според Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од три години или парична казна за неовластено поседување на мала количина наркотици.
Сепак, постои можност тој да биде ослободен од казната ако им открие на властите кога и од кого ја примил дрогата.
„Добро сум. Ви благодариме за грижата. Наидов на проблеми, но јас сам ќе ги решам! Ви благодарам за разбирањето“, напиша Гаги на својот инстаграм-профил.