Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Угостителите ќе протестираат се до исполнување на нивните барањата за спас на секторот

Медиасет.мк
пред 5 години
Martin-A.15.04.2021

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор нема континуитет, а по цела година не постојат ни протоколи за работа за сите дејности кои би можеле да се почитуваат. Секторот угостителство се соочува со бројни предизвици, условите за работа не овозможуваат ни приходи за покривање на основните трошоци. Во такви околности со загрозена егзистенција на цел сектор, кој нема ниту основна помош, иако беше ветувана, нема повеќе простор за чекање, сите граници се поминати. истакнаа денес од Туристичко угостителската комора на Македонија.

„Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето кои работат во овој сектор. Цела година сме предмет на јавно линчување иако помошта која ја добивме беше минимална и обременета со многу критериуми. Угостителскиот сектор од 14.03.2020 година, се до денес работи под бројни рестриктивни мерки, а во одредени периоди и со целосни рестрикции, што без соодветна и навремена поддршка доведе до престанок на деловната активност за многу субјекти во секторот и загуба на многу работни места. Затоа денес Туристичко-угостителската комора, ги презентира барањата за мерки за поддршка на угостителскиот сектор и најавува радикализирање на делувањето кое ќе трае се додека овие мерки целосно не се реализираат“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.

ТУК бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помош, не само за зачувување на работните места туку немаат никаква помош ни за основните трошоци за егзистенција и се под закана за губење на домовите и објектите од банки и извршители.

„Потенцираме дека под помош не сметаме понуди од владата за користење на кредити од Развојна банка, тоа е само дополнително задолжување од еден кредит да имаме два. Бараме еднократна финансиска помош за секој од регистрираните над 100 категоризирани објекти, кои повеќе од една година се затворени во целост, а со цел покривање на досегашните трошоци и долгувања акумулирани поради забраната за работа“, истакна Ангеловски.

Барањата вклучуваат и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.

„Бараме утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор. Ако може владата на нас со уредба да ни забрани да работиме, може со уредба да утврди банките додека не работиме да не ни ја цицаат крвта и да не задолжуваат заканувајќи ни се дека ќе останеме на улица без дом и егзистенција“, изјави Ангеловски.

Тој потенцираше дека состојбата во моментот во секторот е крајно алармантна и правните субјекти се соочени со колапс.

„Се бара помош за сите угостителски објекти, секој е подеднакво важен и не смее некој да остане без неопходна помош во овие најтешки периоди за угостителството, затоа од понеделник 20 април излегуваме заедно како сектор на протести и ќе останеме пред институциите, се до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, изјави Ангеловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Што се случува со телото ако јадеме јогурт секој ден?

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања