Медиасет.мк

#ТРЕНД

Утре онлајн концерт на Лејди Гага

Познатите светски музички имиња, меѓу кои Лејди Гага, Били Елиш, Брис Спрингстин во сабота ќе имаат онлајн настапи во периодот на пандемијата со коронавирусот. Тие велат дека сакаат да ги забавуваат своите фанови додека се во изолација во нивните домови, а имаат собрано и донација за помош на оние на кои им е потребна.

Лејди Гага изјави дека од донацијата се собрани околу 35 милиони долари, а публиката ширум светот во сабота ќе има можност да го следи во живот One World: Together at home, настан на кој ќе настапат најголемите музички ѕвезди. Според проценките, овој концерт би требало да биде најгледан онлајн настан во живот.

Една од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, собра неколку големи музички ѕвезди со кои ќе пее и ќе собира помош. Настанот е организиран во соработка со Светската здравствена организација и организацијата Global Citizen, а на Лејди Гага и нејзиното друштво од нивните домови и студија ќе настапат на 18 април во сабота.

Ќе настапат Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Армстронг од „Грин деј“, Крист Мартин, Еди Ведер, Елтон Џон, Џон Леџенд, Пол Макартни, Стиви Вондер и уште многу други, а преносот би требало да го води Џими Фелон, Џими Кимел и Степан Колберт.

Лејди Гага изјави дека музичките фанови ќе можат да го следат концертот во живо на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Јутјуб“ и голем број други платформи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: