Медиасет.мк

Медиасет

Утре Врховниот суд ќе одлучува за прекин на мрежата Х во Бразил

Петчлениот совет на Врховниот суд на Бразил утре ќе гласа за одлуката на судијата Александре де Мораес да ја прекине мрежата Х во таа земја.

Мораеш, кого сопственикот на X, Илон Маск го нарече „диктатор“, свика виртуелна седница на првиот совет на судот, чиј член е и тој, за неговите колеги да ја разгледаат неговата одлука.

Врховниот суд на Бразил има 11 судии поделени меѓу два совети од по пет члена, не вклучувајќи го главниот судија, и тие можат да гласаат за потврдување или отфрлање на одлуката на судијата, пишува Ројтерс.

Судиите Кармен Лусија, Луиз Фукс, Кристијано Занин и Флавио Дино седат во првиот панел до Мораеш.

Мрежата Х го пропушти законскиот рок во четвртокот да назначи правен застапник во Бразил, што резултираше со суспензија на платформата во саботата наутро.

Тоа е последниот потег во серијата повеќемесечни конфликти меѓу бразилскиот суд и Маск, пренесува Ројтерс.

Во одлуката Мораеш нареди „целосна и итна суспензија“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) во земјата додека платформата не се усогласи со сите претходни судски одлуки, вклучително и парична казна од 3,28 милиони долари и назначување правен застапник во Бразил.

Мораес му нареди на телекомуникацискиот регулатор Анател да ја спроведе одлуката и да ја потврди пред судот во рок од 24 часа.

Судијата изјави и дека поединци или компании кои ќе се обидат да добијат пристап до мрежата на Х ќе бидат казнети.

Претходно оваа година, Мораес му нареди на X да блокира одредени профили на мрежата вклучени во лажни вести и говор на омраза.

Маск потоа, осудувајќи ја наредбата како цензура, одговори со затворање на канцеларијата на платформата во Бразил.

На почеток
error: