Една од најпопуларните инфлуенсерки во Њујорк, Аријел Чарнас, неодамна на социјалните мрежи откри дека е заразена од Ковид-19. Но, наместо да седи дома во самоизолација, таа со нејзиното семејство заминала во викендичка во Хемптонс, од каде што објави неколку фотографии. Нејзиното однесување ги налути нејзините следбеници.
„Не можам да верувам дека не можеше да останеш во карантин за да не се прошири вирусот“, „Поради луѓето како тебе ова ќе трае со месеци“, „Не само што правиш лошо за себе, правиш лошо за целото семејство, што ако и тие се заразат па продолжат да ја шират заразата“, се само некои од коментарите.
По објавите од Хемптонс, Чарнас изгубила неколку илјади следбеници на Инстаграм.