Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Вдовиците живеат помалку стресно

Долго се веруваш дека бракот добро влијае врз двата сопружника „и во добро и во зло, во здравје и болест“, но новата студија на италијанските научници покажала дека вдовиците живеат со помалку стрес од жените чиишто сопрузи сé уште се живи, пишува Journal of Women’s Health.

Резултатите од истражувањата на научниците од Универзитетот во Падова делумно се во спротивност со претходните, кои упатуваа на тоа дека бракот има позитивно влијание врз здравјето, дека го намалува ризикот од срцеви удари и депресии, како и дека ги зголемува шансите за преживување на ракот.

Шефицата на истражувањето, др Катерина Тревизан, и членовите на нејзиниот тим велат дека според резултатите од студијата, жените по смртта на сопругот се во помал стрес и дека се со подобро здравје, за разлика од мажите врз коишто смртта на сопругата остава негативни последици, бидејќи се навикнати во текот на бракот повеќе да се потпираат на неа.

Сопругите, потсетува др Тревизан, се грижат за домаќинството, децата и здравјето на целото семејство, поради што често се фрустрирани и поизложени на стрес. Се верува и дека поради споменатите фактори меѓу неомажените жени има помалку заболени од депресија. Истата студија покажала и дека жените коишто живеат сами помалку го имаат чувството на вознемиреност, отколку мажите коишто живеат сами, дека се позадоволни и поактивни на работното место.

Според претходни истражувања, лицата кои живеат во брак живеат подолго од самците, но истражувањето на италијанските научници спроведено на 2.000 лица повозрасни од 65 години покажало дека досега прифатената теорија за позитивниот ефект на брачниот статус не може во иста мера да се примени и на мажите и на жените.

Според студијата на италијанските научници спроведена во четиригодишен период на 733 Италијанци и 1.154 Италијанки, вдовиците за 23 отсто помалку се во помал стрес отколку од омажените жени.

„Утврдивме дека за разлика од големото мнозинство мажи на коишто смртта на сопругата оставила негативни последици, вдовиците по смртта на брачниот другар биле во помал стрес отколку жените кои живеат во брак. Резултатот од оваа студија е делумно во спротивност со резултатите од претходните истражувања според кои бракот има позитивен ефект на здравствениот статус и долговечноста на двајцата сопружника“, вели др Тревизан.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: