Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Како да ги бојадисате велигденските-јајца со природни состојки?

Постојат природни начини за да ги бојадисате јајцата за Велигден, а голем дел од намирниците кои се користат притоа, веќе се наоѓаат во вашата кујна.

Природно бојадисување на сини јајца

1. Сварете ги јајцата.

2. Варете ја зелката во 5 чаши вода околу 30-45 минути.

3. Во добиената обоена течност додајте 4 лажички бел оцет.

4. Ставете ги јајцата во природно добиената боја и оставете ги да стојат до добивање на посакуваната нијанса. Колку подолго стојат во течноста, толку поинтензивна станува бојата.

За да добиете омбре ефект на јајцата, вадете ги постепено. Неколку оставете да стојат во бојата само еден час, неколку два часа, неколку три часа итн.

Истата постапка важи и за бојадисување во други бои. Изберете цвекло за розово-црвенкасти, лушпи од кромид за кафеаво-портокалови, куркума за жолти, спанаќ за светли жолто-зелени, кафе за светло кафеави и сл.

Користете јајца со бела лушпа.

blob:https://www.facebook.com/605cf754-6d30-4ba3-9543-38fc9c52d957

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: