Раперот 50 Сент им оставил бакшиш од 30 илјади долари на вработените во „Бургер Кинг“, во Бронкс, Њујорк.
50 Сент, кој глуми во серијалот „Моќ“, се појавил во раните утрински часови во ресторанот за брза храна заедно со инстаграм-инфлуенсерот Џеј Мазини, кој го снимил настанот. Помошникот на 50 Сент првин им дава пари на вработените на шалтерот на драјв-тру, каде се служат муштерии кои поминуваат со коли, а потоа се појави и самиот рапер, кој им оставил уште пари на вработените.
Видеото се споделува на социјалните мрежи.
https://twitter.com/50cent/status/1303513447972376576