Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

(ВИДЕО) Адвокат од Измир „ладно“ зборува на телефон за време на земјотресот

По катастрофалниот земјотрес во Измир минатата недела, во кој загинаа над 100 луѓе, светот го обиколија снимки на кои се гледа разурнувањето и штетата што ја предизвикал земјотресот.

Но, една поинаква снимка, на која адвокат од Измир не реагира на потресот како што би се очекувало, стана хит на интернет. Атилај Оз е снимен на безбедносната камера во неговата канцеларија како разговара на телефон во моментот на земјотресот, а адвокатот ладнокрвно продолжува со разговорот и кога почнуваат да паѓаат предметите околу него.

Тој додека траеше потресот не се помрдна од својот стол, а единствено се задржа за да не ја изгуби рамнотежата во моментите кога тресењето беше најсилно.

Во разговор со новинарот на државната агенција Анадолу, Оз рече дека повеќепати во животот преживеал земјотреси, но и дека никогаш не се плашел.

„Зборував на телефон кога почувствував мало тресење. Прво мислев дека ќе трае кратко и не обрнував внимание. Меѓутоа, се околу мене почна да се клати. Се загрижив, ама не можев да станам. Не можам да кажам дека ми беше страв, но не очекував дека ќе биде толку силен земјотрес,“ изјави адвокатот.

Оз рече дека на телефон зборувал со пријател со кого се немал слушнато шест месеци.

„Двајцата се клатевме и се тешевме еден со друг дека ќе помине, но никако не поминуваше,“ раскажа Оз за необичното искуство.

На почеток
error: