Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

(ВИДЕО) Алиоски: Го кршам ајпадот ако изгубам на „Не лути се човече“

Медиасет.мк
пред 5 години
241344466_1502494480083947_2262743274078593160_n

Левиот бек на македонската репрезентација, Езѓан Џани Алиоски, важи за еден од милениците на публиката. За неговите шеги на тренинзите и во соблекувалната раскажуваат и фудбалерите и фановите, а и тој често објавува забавни видеа на социјалните мрежи.

На Евро 2020 даде гол против Украина по Горан Пандев, кој го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства.

„Јас сум најмладиот стрелец за Македонија на едно Европско, ако имам 29 години“, вели на шега Алиоски и додава: „Мило ми е што Горан даде гол, знам колку го посакуваше тоа во својата кариера“.

Роден е во селото Црнилиште и од таму со родителите заминал во Швајцарија. Вели, и покрај животот во Швајцарија, едвај ги чекал распустите оти тогаш родителите го носеле во Македонија, во прилепскиот крај, каде што по цели денови играл топка со децата.

„Имав една и пол година кога со моите се преселивме во Швајцарија. Почнав да играм во локалниот клуб на 3-4 години, а кога се префрлив во поголем клуб во Берн, татко ми секој ден ме носеше на тренинг и чекаше да завршам. Моите родители секогаш веруваа во мене“, открива Џани во интервју за Репортер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4gedjfn9ifon14KIc13

(Видео) Му здосадило да го чисти автомобилот, па поставил плочки

Вирално | пред 8 часа

media-library4r1jebpqg2db99Sz5tz

(Видео) Како татко со дете: Маж и хуманоиден робот прошетаа држејќи се за рака низ трговски центар во Кина

Вирално | пред 11 час

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања