Ќерката на најпознатата балканска пејачка Цеца, Анастасија Ражнатовиќ вчера ја објави својата нова песна „Promasena“. Ова е нејзина прва балада.
“Од кога се појавив во музичкиот свет, луѓето кои ги сакаат моите песни, бараа да снимам балада. Една вечер во Скопје, додека го снимав албумот, дојде Сара Милутиновиќ која го напиша текстот за еден ден, и веднаш ми се допадна. Влегов во студио и ја снимив од прва“, изјави Анастасија за Блиц.
Музиката и аранжманот се на Дарко Димитров со кого Анастасија соработува од почетокот на нејзината музичка кариера.