Михаела Јаневска од Скопје е излечена од коронавирусот и се чувствува како најсреќниот човек на светот. Таа беше една од првите потврдени заболени во земјава, а нејзиниот случај отскокнуваше од останатите затоа што сама се пријави уште веднаш по пристигнувањето во земјава и од авион директно се упати во болница, притоа одговорно однесувајќи се и во авионот, свесна дека има симптоми на Ковид-19.
„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сѐ уште во болница. Ова е за вас“, напиша Михаела на Фејсбук, пеејќи ја „Stand by me“.