Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Цеца направи скандал среде емисија откако се скара со Чедо Јовановиќ

Во емисијата „Хит твит“ која се емитува на „Пинк“  гости беа Жељко Митровиќ, Чедо Јовановиќ, докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Емисијата беше исполнета со вербални провокации и расправии меѓу Цеца и Јовановиќ.

– Мене навистина ме интересира зошто јас бев уапсена, јас на оваа тема чекам 17 години, вие бевте вториот човек во државата тогаш,зошто јас бев уапсена за убиството на премиерот, дојдовте со 150 полицајци во мојата куќа, тоа можеше да биде решено со еден телефонски повик, и јас ќе дојдов во полициската станица, праша Цеца.

– Добро знаете зошто бевте уапсена. Јас кога апсам, јас доаѓам сам. Тоа можевте да го научите по Милошевиќ. Вие бевте уапсена под сомненија дека знаевте кој се обидува да го убие премиерот на државата, јас немам никаков личен однос спрема вас, и одговори Чедомир Јовановиќ.

По голема раправија откако Цеца кажа се што имаше на таа тема во своја одбрана, го напушти студиото.

Погледнете подолу видео од нејзиното заминување, и целата емисија „ХИТ ТВИТ“.

https://youtu.be/Dmv7Prrdypw

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: