Денеска е 25 мај, повозрасните со носталгија се сеќаваат дека во поранешната Југословенска федерација се прославуваше како Ден на младоста.
До распаѓањето на СФРЈ се славел како посебен празник во времето на Јосип Броз Тито.
Првично создаден како начин за одбележување на роденденот на тогаш неприкосновен лидер, Денот на младоста се славел со величествен слет, како голема манифестација на оптимизам и радост.
Со штафета на младоста која се движеше низ целата држава и со слет на стадионот ЈНА во Белград, се славеше роденденот на Тито и Денот на младоста. Сите манифестации беа осмислени за обединување на младите во поранешна Југославија и како величење на ликот и делото на Тито.
Се до смртта на Тито во 1980 година, штафетата му се додлеува лично.
Во 1988 година беше направен последниот слет со што штафетата дефитивно замина во историја, а Југославија по три години ќе ја зафати воениот виор.
И денеска од цела поранешна Југославија има поддржувачи на Тито, а споменот на некогашниот Ден на младоста е повод за собирање на обожавателите на Јосип Броз Тито во киќата на цвеќето.
