Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) ДНК снимаа спот за „Чаршија“ во чаршија: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга

Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.

Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.

Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.

„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.

Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…

Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.

На почеток
error: