Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Додик сакаше да го прегрне и бакне Путин, но тој се тргна

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик вчера повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а на средбата во Санкт Петербург го потврдија зајакнувањето на меѓусебните врски и го обвинија Западот за наводно прекршување на Дејтонскиот договор.

Додик беше во Санкт Петербург на Меѓународниот економски форум организиран од руските власти, а по агресијата на таа земја врз Украина, таму речиси и да не доаѓа никој од развиените западни земји.

Во делот од средбата снимен од телевизиските камери, се гледа како Путин го избегнува обидот на Додик да го прегрне и бакне. Рускиот претседател инсистирал само да се ракува и во моментот кога Додик отишол да го бакне, Путин се тргнал.

На почеток
error: