Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Двејн Џонсон и семејството се опоравиле од Ковид-19

Холивудскиот актер Двејн „Рок“ Џонсон во видео порака објавена на социјалните мрежи откри дека тој, неговата сопруга и нивните две мали деца биле позитивни на Ковид-19, но дека сите се опоравиле и дека се здрави.

48-годишниот актер, поранешен професионален борач познат по прекарот „Карпа“ (The Rock), во објавата на Инстаграм вели дека тој и сопругата Лорен (35) и ќерките Џасмин (4) и Тијана (2) се заразиле со вирусот пред околу две недели од многу блиски семејни пријатели.

„Можам да ви кажам дека ова беше една најтешките работи што некогаш сме морале да ги издржиме како семејство, и за мене лично“, вели тој во видеото.

„Сите дома бевме неверојатно дисциплинирани во однос на почитувањето на безбедносните мерки за да се избегне ширење на вирусот“, додава Џонсон.

Тој вели дека неговите ќерки имале мали болки во грлото првите неколку дена, но дека тој и сопругата поминале малку потешко.

„Но, среќен сум да ви кажам дека сега сите сме добри. Веќе не сме заразени и благодарам на Бога, здрави сме“, вели актерот.

https://www.instagram.com/p/CEppiNRlpvs/

 

На почеток
error: