Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

(Видео) Две нови единки на балкански рис снимени на Шар Планина

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryd5h44jd1qqfd4aM58Ne

Од Националниот парк Шар Планина објавија видео на кое се гледаат две нови единки на балкански рис на планината. Оттаму информираат дека со ова бројката во паркот се зголеми на пет единки.

„Имаме нова радосна вест!

На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5.

Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.

Благодарение на заложбите на тимот на ЈУ Национален Парк Шар Планина, бројот на дивите животни, а особено на рисот, е во пораст, што го потврдува позитивниот ефект од мерките за заштита на природата.

Продолжуваме посветено да се залагаме за заштита на дивиот свет и унапредување на екосистемите на Шар Планина“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1n3kcrp7c7om2pTAg95

Очите можат да откријат колку брзо старееме: Анализирани речиси 30.000 снимки на мрежницата

Вирално | пред 3 часа

media-libraryeadmrhcjjbibeE7PL9G

(Видео) Ибрахимовиќ наполни 45 години и си подари Ferrari вредно 3,6 милиони евра

Вирално | пред 18 часа

horoskop1

Раковите ги очекува љубовно изненадување: Некој конечно ќе ги открие чувствата

Вирално | пред 19 часа

media-libraryurjjiqn2fcru1g0Ygf3

До крајот на годината ги очекува промена на домот: Два хороскопски знака размислуваат за нов почеток

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања