Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Ечи македонска песна на улиците на Канарските острови: Александра од Полска и Стефан од Македонија ќе ви ја стоплат душата

Среде Тенерифе, град кој се наоѓа на Караските острови дел од Шпанија, ечи македонската песна. Александра од Полска и Стефан од Македонија ги препеваат традиционалните македонски песни, но и други песни ширум Балканот. Станува збор за пар, кој живее во Тенерифе.

Тие нѐ потсетуваат и на народните песни од Костурско, Егејска Македонија, со изведбата „Мори чупи, костурчанки“.

Во изведата на оваа песна, ги придружуваат и Марио од Шпанија свирејќи на гитара, како и Каро од Тенерифе на тарабука.

На сите изведби добиваат куп позитивни коментари, како од Македонци, така и од корисници на социјалните мрежи од цел свет.

Интересна е нивната објава каде Германци и Французи играат оро среде Тенерифе на „Македонско девојче“.

На почеток
error: