Средбата на постара брачна двојка кои не се видле 215 дена поради коронавирусот, е снимена на Флорида, а снимката ги насолзи очите на многумина низ целиот свет.
Џозеф бил хоспитализиран во март, но не бил во можност да прима посетители поради пандемијата на коронавирус. Неодамна бил пуштен од болница и се вратил во домот за стари лица ,каде што живее со неговата сопруга Ева, а снимката од нивната прва средба по повеќе од 7 месеци стана вирална на социјалните мрежи.
Средбата на двојката, која е во брак 60 години, ја снимиле вработените во домот, а многумина признале дека не можеле да ги задржат солзите додека го гледале видеото.