Новак Ѓоковиќ одработи уште еден квалитетен тренинг во Монте Карло, а овојпат негов спаринг партнер беше Александар Зверев.
Српскиот тенисер веќе неколку дена е во Монте Карло каде се подготвува за настап на првиот Мастерс на земјена подлога сезонава.
Ѓоковиќ делува како физички да е подготвен за нови предизвици, на тренингот со Германецот не носеше нишан на раката и неколку удари беа доволни за да се види дека е во добра форма.
Новак нема играно од Индијан Велс, каде што беше елиминиран во третото коло од Лука Нарди. После тоа реши да го пропушти Мастерсот во Мајами, а сега е максимално фокусиран на земјена подлога.
Зверев нормално е одличен на земјена подлога, па Новак мудро избра да тренира со него.
Ѓоковиќ и Зверев отсекогаш имале добри односи, што уште еднаш го потврди и нивниот поздрав.
Со Новак во Монте Карло е и Ненад Зимоњиќ, кој се уште официјално не му станал тренер, но секако дека е голема помош во овие моменти.
Во претходните години Србинот не блескаше во Кнежеството, бидејќи беше елиминиран во третото, второто и третото коло во периодот од 2021-2023 година.
Мастерсот ќе започне оваа недела (7-13 април), а Србинот ќе биде слободен во првото коло како прв носител.
Новак и Зверев можат да се сретнат само во финалето.
Вака изгледа патувањето на Новак во Монте Карло: