Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

(ВИДЕО) Георгиевски: Сите плажи од Метропол према Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници

Медиасет.мк
пред 5 години
Kosta-111

„Можеме да се откажеме од надоместок на паркирање, така да излеземе во пресрет. Не сум оптимист во однос на туристичката сезона која претстои. Оваа година исто така пандемијата е далеку од завршување. Досега се дистрибуирани милијарда вакцини, значи за околу 7 милијарди вакцините не се достапни. Минатата сезона беше не така добра сезона, согласно условите. Очекувам домашните туристи да се тука и оваа се зона. Разговараме за тековните проблеми кои ги имаме во текот на летната сезона, како што е плажите, урбаната опрема, Стар Град, разноразните објекти на кејот“, рече Георгиевски кој кажа дека објектите за храна на кејот, од сега ќе има куќарки со довод на топла вода, одвод, а ќе се овозможи со Агенцијата на храна.

„Во најскоро време ќе продолжиме со расчистување на крајбрежјето. Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, вели Георгиевски.

Градот 20 години, секој градоначалник ветувал катна гаража, вели актуелниот градоначалник Георгиевски и додава дека проектот за катната гаража во Охрид е готов. Се чека одобрение и ќе се спроведе постапка за јавно-приватно партнерство за да се почне реализацијата. Тој потенцира дека крупни проекти се во тек. За директорите на јавните претпријатија, вели дека секогаш може подобро, потенцирајќи дека ни на нив не им е лесно бидејќи јавните претпријатија имаат стари долгови, лоша продуктивност, превработеност.

„Препораките на УНЕСКО се и за албанскиот дел од крајбрежјето. Дивоградбите се само дел од комплексниот проблем кој е креиран претходните 40 години. Ние покажавме волја, но не можеме да изрушиме толку колку што луѓето можат да изградат. Другите институции се неми посматрачи. Општината е само една алка во спроведувањето на законите. За ние да постапиме по сите објекти, потребни ни се огромни средства. Овде не е само крајбрежјето. Бесправната градба е бесправна градба и треба подеднакво да се третира. Општината во соработка на општината, треба да има активен тендер од околу 60-70 милиони денари. Општината треба да има урбанистички планови, општината ќе треба да биде поажурна за одобрување на урбанистички планови. Треба на повеќе точки да се делува на проектот“, вели Георгиевски за препораките од УНЕСКО.

За реконструкцијата на улиците, Георгиевски вели дека работата на терен оди добро. Се прават и потпорни ѕидови во Стар Град, се спрема постапка за промена на пумпите кај Канео и Александрија. „Улицата ‘Абас Емин’ мислевме ќе ни е најголем проблем, бидејќи долги години никој не се нафаќал да ја работи таа улица, и со право. Станува збор за поставување на фекална, водоводна и атмосферска линија, ископот по цела улица е четири метри. Огромна работа е. Таму работите си зедоа тек, сега сме стигнати до последната третина во поставувањето во подземните делови на канализациите. Добро оди таму. Улицата „Петнаести корпус“ изненадувачки излезе тежок проект се јавија доста имотно-правни спорови. Во носењето на одобрението, тие ги немавме. Експропријации кои се во тек. Инсталациите кои не знаевме дека се присутни. Атмосферската канализација е исто четири метри длабочина. Завршуваме со тие проекти“, додава Георгиевски според кого втората улица ќе е завршена кон 15 јуни и вели дека и реконструкцијата на „Јане Сандански“ оди добро“ вели Константин Георгиевски градоначалник на Охрид

Тој смета дека проблемот со долговите кои ги има Охрид го стопирале да не може да реализира големи проекти како што е ново школо и градинка.

„Нешто што ми е мака што не успеав да го реализирам е прочистителната станица во Трпејца кој е важен проект. Изработен е еден проект од претходната власт но е тежок и несоодветен. Има 57 пумпи кои треба да ја испумпуваат водата. Со тоа треба да се позанимаваме. Мора да изградиме ново школо и градинка. Но, од општина која беше милијарда и шесто кога станав градоначалник, сега сме на 350 милиони стигнати. Не можеш да размислуваш на такви големи инфраструктурни проекти. И реализацијата на овие планови е ваква бидејќи паралелно се раздолжуваме.

Интервјуто со градоначалникот Константин Георгиевски  во целот може да го погледнете во продолжение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 1 ден

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Нов удар за патниците: „Рајанер“ се повлекува од уште еден аеродром

Патувања | пред 3 дена

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 3 дена

media-libraryaqke3m3734kn992XXZ7

Откријте ја Виена чекор по чекор: Новата кампања го менува начинот на кој се доживува градот

Патувања | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања